Повеќекратна остеохондромаза
Definicija
Повеќекратна остеохондромаза (МО) се карактеризира со развој на 2 или повеќе коскени израстоци покриени со рскавица (остеохондроза) на долгите коски.
Пребарување
Pun naziv
Повеќекратна остеохондромаза
Kratki naziv
---
Sinonimi
Повеќекратна рскавична егзостоза Бесел-Хагенова болест
Orpha broj
321
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 100 000
Nasleđivanje
Автосомно доминантно
Period početka bolesti
---
ICD 10
Q78.6
OMIM
133700 133701 600209
UMLS
C0015306 C0206641
GARD
7035
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Остеохондромите се развиваат и зголемуваат во првата декада од животот, стопираат со растот кога плочите за раст се затвораат во пубертет. Тие се педункулирани или сесилни (широка база) и можат да варираат во големина. Бројот на остеохондроми може значајно да варира во и меѓу семејства, средниот број на локации е 15-18. Мнозинството е асимптоматско и лоцирано во коските кои се развиваат од рскавица, особено долгите коски на екстремитетите, претежно околу коленото. Коските на лицето не се погодени. Остеохондромите можат да предизвикаат болка, функционални проблеми и деформитети (особено на подлактицата), кои можат да бидат причина за хируршко отстранување. Најважна компликација е малигна трансформација на остеохондром кон секундарен периферен хондросарком, за кој е проценето дека се јавува во 0.5-5% од случаите.
Etiologija
Мутациите на гермлин во тумор супресорските гени, ЕХТ1 или ЕХТ2, се пронајдени во скоро 90% од МО пациентите. ЕХТ гените ја кодираат гликосилтрансферазата, катализирајќи полимеризација на хепаран сулфат.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
МО треба да се разликува од метахондроматоза, дисплазија епифизеалис хемимелика и Олиерова болест.
Tretman
Лекувањето вклучува отстранување на остеохондромите кога тие се причинителите на болки. Отстранетите остеохондроми треба да се испитуваат за малигни трансформации кон секундарен периферен хондросарком. На пациентите треба да им биде добро објаснето, и да доаѓаат на редовни контроли за рано откривање на малигности. За секундарен периферен хондросарком, треба да се направи ан-блок ресекција на лезијата и нејзината псеудокапсула со граници без тумор, најдобро во референтен центар за тумор на коските.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на радиолошка и клиничка документација, дополнета, доколку е достапна, со хистолошка евалуација на остеохондромот.
Antenatalna dijagnoza
Ако е позната точната мутација, технички можна е антенатала дијагноза.
Epidemiologija
Преваленцата е проценета на 1:50,000 и се смета дека е повисока кај мажи (однос на мажи према жени 1.5:1)
Genetsko savetovanje
МО е автосомно доминантно пореметување и генетски е хетерогено.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---