Повторлив акутен панкреатит
Definicija
Повторлив акутен панкреатит (РАП) се карактеризира со повторувачки напади на акутен панкреатитис (АП), кој се дефинира како акутен воспалителен процес на панкреасот со променлива вклученост на други регионални ткива или далечни органски системи.
Пребарување
Pun naziv
Повторлив акутен панкреатит
Kratki naziv
---
Sinonimi
---
Orpha broj
64740
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-5 / 10 000
Nasleđivanje
Не е применливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
K85.0 K85.1 K85.2 K85.3 K85.8 K85.9
OMIM
---
UMLS
C0267937
GARD
---
MEDDRA
10033657
Tekstualni opis
Најчестите клинички знаци се јаки болки во горниот дел на адоменот со нагли почетоци, и гадење и повраќање со карактеристики на епигастрична или дифузна абдоминална осетливост. Симптомите можат да варираат од благи (престануваат во рок од неколку дена) до тешки (поврзани со мултиорганско откажување и/или локални компликации како што се некроза, инфекции, псеудоцисти или апцеси, и висока стапка на смртност).
Etiologija
РАП има повеќе причини заради кои се јавува, од кои најчести се алкохол и холелитијаза (кои се проследени со неадекватна исхрана, хипертриглицеридемија, инфекција на жолчните патишта, дуоденална опструкција, лекови, и неоплазми). Во 10% до 40% од пациентите со РАП, причината останува непозната и дадена е дијагнозата „идиопатски“ РАП (ИРАП). Генетските полиморфизми можат да играат важна улога во ИРАП. Пријавено е дека дисфункција на сфинктерот Оди предизвикува една третина од сите случаи на ИРАП.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
Епизодите на АП се третираат на сличен начин, без оглед на етиологијата. Медицинската контрола останува поддржувачка и вклучува аналгетици, интравенски течности, и корекција на дисбалансот на електролитите и метаболизмот. Не треба да се дава орален внес, додека пак респираторни, ренални и васкуларни компликации треба да се третираат доколку е потребно. Хируршко лекување потребно во случај да има инфицирана панкреатска некроза и панкреатит предизвикан од камења во жолчката. Моментално не постои достапна терапија за да се спречи повторување на АП
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се потпира на комбинација на медицинска историја, физикален преглед, серолошки маркери и радиолошки откривања од ултразвук на абдомен, компјутерска томографија (ЦТ), ендоскопска ретроградна холангиопанкреатографија (ЕРХП) и најново, магнетна резонанца холангиопанкреатографија (МРХП).
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Проценета преваленца на РАП е околу 1 во 10,000 и болеста претежно ги погодува мажите во четириесеттата година од животот. Точната инциденца останува непозната заради географски, етиолошки, и дијагностички варијации.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---