Прогресивна неинфективна предна вертебрална фузија

Definicija

Прогресивна неинфективна предна вертебрална фузија е спинално/'рбетно пореметување со постепен почеток на тораична и/или лумбарна акилоза на 'рбетот често во комбинација со кифоза и специфични радиолошки карактеристики.

Пребарување

Pun naziv

Прогресивна неинфективна предна вертебрална фузија

Kratki naziv

---

Sinonimi

Копенхаген синдром

Orpha broj

2062

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q87.8

OMIM

---

UMLS

---

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Почетокот е во рано детство и се открива кога се прегледуваат децата за спинални деформитети. Ова е почеток на прогресивна предна вертебрална анкилоза на тораични и/или лумбарни области кои се гледаат во тек на болеста (месеци и години после почетокот) и често клинички се манифестираат со тораколумбарна кифоза. Предната вертебрална анкилоза со тек на време се проширува до задниот дел. Обично се појавува со блага болка, вкочанетост на вратот и/или грбот со развој на тораколумбарна кифоза. Често е асимптоматска. Невролошките абнормалности се специфични. Може да се случи изолирано или помалку често како дел од некој синдром. Синдромски поврзани манифестации се дисморфизам на лице, отсуство на еден цервикален пршлен, радио-улнарна синтоза, ексостоза, генерализиран прекумерен раст, малформација на поделена папочна врвца, и/или ситус инверсус тоталис.
Etiologija
Етиологијата е непозната.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Во диференцијалната дијагноза треба да се разгледа спондилизам, сподилоторакална дисплазија и фамилијална Шеуерманова болест. Други диференцијални дијагнози во случај на инфекција вклучуваат инфективен сподилодискитис и вроден блок на пршлени.
Tretman
Конзервативното лекување вклучува рутински годишни или семестрални клинички прегледи и медицински контроли и мултидисциплинарен пристап. Изгледа дека е доста важно да се спречи сагитална нерамнотежа на доста млада возраст со редовно клиничко набљудување и рано носење на помагала веднаш штом се појави хиполоридоза. Во зрело доба, помагалата имаат многу мал ефект. Хируршки третман мора да се разгледува индивидуално. Кај некои пациенти со лумбарна хиполоридоза, треба да се направи лордотична реставрација со Бостон помагала со прогресивна корекција, а помагаат и за хроничната болка како додаток на пилули за болка, особено кај пациенти каде не може да се постигне задоволувачки сагитален баланс. Кај пациенти со благи деформитети со тешка хронична болка, корисна е задна фузија на пршлени. Долготрајна контрола е препорачана.
Dijagnostičke metode
Не може да се октрие случано. Магнетна резонанца и рентген снимки покажуваат специфични карактеристики. Најмногу се користи магнетна резонанца бидејќи степенот на прецизност на интервертебралната анкилоза на состојбата на дискот може да се евалуира соодветно. Типично стеснување на предна крајна плочка на пршлените е поврзано со неправилности и остеосклероза на аглите на пршлените и може да е видливо уште на почеток на болеста.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Преваленцата не е позната но воглавно се заблежани 80-100 случаи и тоа 60% кај девојки, што значи дека повеќе влијае на женска популација.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---