Прогресивна семејна интрахепатичка холестаза тип 3

Definicija

Прогресивна семејна интрахепатичка холестаза тип 3 (ПФИЦ3), вид на прогресивна семејна интрахепатичка холестаза (ПФИЦ), е наследно нарушување, со доцен почеток, во формирање на жолчката која е со хепатоцелуларно потекло. Почетокот може да се јави од новороденче до млада зрелост.

Пребарување

Pun naziv

Прогресивна семејна интрахепатичка холестаза тип 3

Kratki naziv

---

Sinonimi

ПФИЦ3

Orpha broj

79305

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

1-9 / 100 000

Nasleđivanje

Autozomno recesivno

Period početka bolesti

Автосомно рецесивно

ICD 10

K76.8

OMIM

602347

UMLS

C1865643

GARD

1289

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Клинички знаци на холестаза (безбојна столица, темна урина) се појавуваат во првата година од животот кај една третина од пациентите, или подоцна со повторливи епизоди на жолтица и благ јадеж. ПФИЦ3 еволвира во секундарна билијарна цироза. Гатроинтестинално крварење заради портална хипертензија може да биде присутниот симптом кај адолесценти или млади возрасни.
Etiologija
ПФИЦ3 настанува заради мутации во генот АБЦБ4 (7q21), кој го кодира протеинот 3 (МДР3) кој е отпорен на мулти-лекови, што резултира со оштетена билијарна фосфолипидна (ПЛ) секреција. Ефектите на хидрофобични жолчни соли не се спротивставуваат на билијарните ПЛи и водат до холангитис. Ниски нивоа на ПЛ не се доволни да одржуваат растворливост на холестерол и да промовираат жолчна литогеност.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијална дијагноза вклучува болести на билијарниот тракт и причини на интрахепатичка холестаза и на цироза со покачена гама-ГТ.
Tretman
Терапија со урсодеоксихолична киселина (УДЦА) треба да се започне кај сите пациенти за да се спречи оштетување на црниот дроб. Корисни ефекти на УДЦА се обично забележани кај пациенти кои имале барем една мисенсна мутација. Кај половина од пациентите, терапијата со УДЦА не е успешна и треба да се направи трансплантација на црн дроб заради оштетување на црниот дроб. Кај пациентите кои реагираат на УДЦА, ПФИЦ3 може да биде комплицирана со цироза, портална хипертензија и хепатоцелуларен рак. Понатаму, пациентите се изложени на висок ризик од билијарни камења, холестаза предизвикана од лекови, и/или интрахепатичка холестаза во бременост понатаму во текот на болеста, особено ако УДЦА терапијата е прекината. Специјализирана контрола е задолжителна и доживотна.
Dijagnostičke metode
ПФИЦ3 треба да се посомнева кај деца, адолесценти или млади возрасни со клиничка историја на холестаза од непознато потекло после исклучување на другите главни причини на холестаза. Пациентите покажуваат високо серумско ниво на гама-ГТ активност, нормални нивоа на холестерол и умерено покачени концентрации на жолчна киселина. Ултрасонографијата на црниот дроб е обично нормална, но може да се открие огромно жолчно кесе и некогаш и жолчни камења. Хистологијата на црниот дроб открива портална фиброза и вистинска дуктуларна пролиферација со мешан воспален инфилтрат и во подоцна фаза, знаци на билијарна цироза. МДР3 имуностирање е корисно за поставување на дијагноза. Холангиографијата покажува нормално билијарно стебло што го овоможува исклучувањето на склерозирачки холангитис. Собирањето на жолчката овозможува билијарна липидна анализа, која покажува намалени билијарни фосфолипидни нивоа. Генотипизацијата ја потврдува дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална дијагноза може да се предложи ако во двајцата родители е идентификувана мутација.
Epidemiologija
Проценетата преваленца при раѓање на ПФИЦ типови 1-3 варира помеѓу 1/50,000 и 1/100,000. ПФИЦ3 претставува една третина од ПФИЦ случаите.
Genetsko savetovanje
Преносот е автосомен рецесивен.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---