Ревматска треска

Definicija

Ревматска треска (РТ) е мултисистемско воспалително заболување кое се јавува како постинфективна, несупуративна последица на нетретиран фарингит(голтник) предизвикан од пиоген стрептокок (од групата А стрептококи [ГАС]). Најчесто се јавува кај лица на возраст од 5 до 15 години. Најчести симптоми се треска, полиартритис (воспалениа на зглобовите) и кардитис (воспаление на срцевите залистоци).

Пребарување

Pun naziv

Ревматска треска

Kratki naziv

---

Sinonimi

Акутна ревматска треска

Orpha broj

3099

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

Не се применува

Period početka bolesti

---

ICD 10

I00  I01.0  I01.1  I01.2  I01.8  I01.9

OMIM

268240

UMLS

C0035436

GARD

---

MEDDRA

10039054
Tekstualni opis
РТ обично се јавува на возраст помеѓу 5 и 15 години и го зафаќа срцето, големите зглобови и кожата и претставува одлжена последица на нетретиран ГАС фарингит. Главни дијагностички критериуми вклучуваат полиартрит (во 46-66% од случаите), најчесто во колената, глуждот, лактот и згобовите, кардит (53 - 68% клинички и дополнително "субклинички" дијагностицирани со ехокардиограм), што е вообичаено воспаление на митрален (90%) или аортен залисток (10%) како изолирана појава, но пријавени се и случаи на комбинации на сите 4 срцеви залистоци; Sydenham chorea (8-15%); eritem marginatum (1-11%); и поткожни нодули на површните флексори (1-8%). Во минорните критериуми спаѓаат треска во 35 до 75% од случаите, артралгија (35 до 56%), срцев блок од прв степен (продолжен PR интервал) во 20-29% и покачени инфламаторни маркери (53-91% од случаите. Не секогаш постои рана, клинички оччигледна инфекција со ГАС. 1. Sydenham chorea - невролошко пореметување во детска возраст кое е резултат на инфекција од групата А бета-хемолитичен стрептокок. Се карактеризира со брзи неправилни и бесцелни неволеви движења на рацете и нозете, трупот и ускулите на лицето. 2. Erythema marginatum - редок кружен осип на кожата, со бледо розов центар дискретно подигнат, кој што се шири на трупот и екстремитетите.
Etiologija
Постои поврзаност со одредени HLA (Хуман леукоцитен антиген) типови (најчесто со HLA-DR7), и постои сомнеж на вмешаност на многубројни типови но наодите не се секогаш конзистентни кај различни популации. Се смета дека вкрстената имунолошка реакција се одвива преку молекуларна мимиркија и се препишува на М-протеинот во клеточната мембрана на група А стрептококи. Тумор некротизирачкиот фактор, алфа и маноза - врзувачки лектин, може исто така да се регулира кај индивидуи со зголемена РТ осетливост. * ХЛА - главен ткивно совпадлив комплекс
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува и други причини за појава на фебрилен полиартрит кај деца како јувенилен идиопатски артрит, Лајмска болсет, болест на сврзно ткиво, реактивен артрит, српеста анемија, системски лупус еритематозис и септичен артрит.
Tretman
Третманот на РТ вклучува: 1) Третман на фарингитот за да се ерадицира ГАС, со пеницилин како терапија од прва линија, 2) анти-инфламаторен третман, обично аспирин во акутна фаза, иако понекогаш се препорачува и употреба на кортикостероиди, особено кај тежок кардитис, и 3) секундарна антибиотска профилакса за да се спречи повторната појава на РТ, обично со бензатин пеницилин секои 3 до 4 недели.
Dijagnostičke metode
Ревидираните Џонс критериуми бараат присуство на два главни или еден главен и два минорни критериуми, како и докази за претходна ГАС инфекција. Дијагностичките тестови вклучуваат титар на антистрептолизин О (АСО), седиментација т.е брзина на таложење на еритроцити или Ц-реактивен протеин (ЦРП), електрокардиограм (ЕКГ) за откривање на блок на срце од прв степен и ехокардиограм за дијагностицирање за евентуално воспелние на срцевите залистоци.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Инциденцијата на РТ во индустриски развиените земји, заради спорадични епидемии, е обично помала 1/20.000 лица. Во земјите во развој, годишната инциденција е најмалку 100 пати поголема во некои извештаи на > 1/200 лица во одбрани субпопулации, како што се австралиските Абориџини. Ревматската треска останува главна причина за стекнат срцев морбидитет и морталитет кај лица помлади од 50 години.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---