Рестриктивна дермопатија

Definicija

Рестриктивна дермопатија (РД) е неонатална смртоносна генетска болест која се карактеризира со доста тесна и тенка кожа со ерозиноза и скалирање, поврзано со типичен дисморфизам на лице, артогрипоза мултиплекс, фетална акинезија или хипокинезија секвенца на деформација (ФАДС) и пулмонална хипоплазија без невролошки абнормалности.

Пребарување

Pun naziv

Рестриктивна дермопатија

Kratki naziv

---

Sinonimi

Синдром на тесна затегната кожа Хиперкератоза - контрактурален синдром Смртоносна рестриктивна дермопатија

Orpha broj

1662

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно доминантно или автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q82.8

OMIM

275210

UMLS

C0406585

GARD

1516

MEDDRA

---
Tekstualni opis
РД е конгенитално пореметување и новородените обично се раѓаат предвремено (поради предвремено пукање на мембраната и пораѓај на 30-32 гестациска недела) со многу тесна, тенка, ригидна и светкава кожа со ерозии и скалирање, епидермална хиперкератоза, испакнати садови на кожата, а тоа доведува до ограничено движење на зглобовите и ограничен раст на околните ткива, често пукајќи и расекувајќи ги местата на флексура за време на пораѓањето. Дисморфизам на лице е уште една карактеристика на РД и вклучува телекантус, кракти и надолу спуштени палпебрални фисури, ретки /отсутни трепки и веѓи, мал забоден нос, постериорно ротирани и ниско поставени уши, микрогнатија, и уста фиксирана во „О“ позиција. Дополнителни карактеристики се конгенитална анонихија, тесни гради, диспластични клавикули, извиени стапала (како кај стол за нишање) и артогрипоза мултиплекс. Повремено се пријавени и други појави како интраматеричен застој во раст, полихидраминоза, намалени фетални движења, ФАДС, голема плацента, неонатали заби, хоанална атрезија, птеригиум коли (набори на кожата на вратот како мрежа на пајак), патент артеријален дукт(вродена срцева мана), интераурикуларна комуникација, дорсална кифосколиоза, камптодактилија, хипоспадијаза, уртерална дупликација, адренална хипоплазија. Пулмоналната хипоплазија најчесто води до респираторна инсуфициенција и смрт. Не се зафатени централниот нервен систем и нема висцерални дефекти.
Etiologija
РД може да биде предизвикана од хетерозиготни, де ново мутации од ЛМНА (1q22) генот (примарна ламинопатија), или, почесто од хомозиготни нул мутации на ЗМПСТЕ24 (1р34) генот (секундарна ламинопатија). Дефектите во генот го нарушуваат процесирањето на преламин А во зрел ламин А, и водат до масивна интрануклеарна акумулација на преламин А изоформи со излачување на токсични ефекти и води до развој на РД.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
---
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
До денес, опишани се околу 80 деца во литературата со РД.
Genetsko savetovanje
Ретките мутации на ЛМНА генот имаат доминантен ефект (ЗМПСТЕ24 мутациите се наследуваат рецесивно, и водат до можноста за пренатална дијагноза за идни бремености кои се со 25% ризик детето да биде заболено поради тоа што двата родители се носители), ако молекуларните основи на болеста се идентификувани.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---