Секундарен акутен трансверзален миелит

Definicija

Секундарен акутен трансверзален миелит се карактеризира со фокално воспаление во 'рбетниот столб поради позната причини, најчесто воспалителна болест.

Пребарување

Pun naziv

Секундарен акутен трансверзален миелит

Kratki naziv

---

Sinonimi

Трансверзален миелит поврзан со болест

Orpha broj

139420

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

G37.3

OMIM

---

UMLS

---

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Перидот на настанување, знаците и симптомите, тежината и клиничкиот тек (монофазен или релапсен) варираат во зависност од болеста со која е поврзан. Знаците и симптомите на секундарен АТМ можат да бидат слични на оние со идиопатски АТМ и исто така зависат од големината и местото на воспалението. Честите знаци и симптоми вклучуваат моторна зафатеност т.е.слабост на екстремитетите, вкочанетост, мускулни грчеви со намалена респираторна функција во некои случаи), сензорни манифестации (болка во 'рбет, парестезија, трнење како и невропатска болка) и автономни знаци како сексуална дисфункција, уринарна и цревна ургентност/ретенција и автономна дизрефлексија). Сепак, и други делови од неврниот систем можат да бидат инволвирани во секундарниот АТМ, во зависност од поврзаната болест: оптичен неврит кај пациентите со мултипла склероза (МС) и оптичен невромиелит (НМО) и периферни нерви кај пациентите со ситемски еритематозен лупус (СЛЕ).
Etiologija
Секундарниот АТМ исто така може да се случи и како резултат на директна бактериска, паразитска или вирусна инвазија на 'рбетниот мозок, и кај пациентите со синдром на Сјогрен.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза треба да вклучува идиопатски АТМ за кој се смета дека е поради доцен имун одговор на неодамнешна инфекција, како и АТМ поврзан со артериовенска фистула, тумори, траума, повреди на 'рбетен мозок и компресија.
Tretman
Пристапот за третман зависи од примарната причина со опција за акутно лекување вклучувајќи и давање стероиди и плазма кај стероид-резистентни пациенти. Долготрајната нега треба да вклучува симптоматска терапија, рехабилитација и долготрајни третмани за да се превенираат идните релапси или да се забави текот т.е. прогресијата на болеста.
Dijagnostičke metode
За дијагностицирање потребно е да се направи магнетна резонанца на 'рбетниот мозок за да се потврди присуствотот на миелитот: на пример, долги лезии кај пациенти со НМО, кратки мултифокални лазии кај пациенти со МС. Лабораториските испитувања се исто така неопходни за идентификација на причината на секундарен АТМ: анализа на цереброспиналната течност може да открие присуство на олигоклонални врски (често видени кај МС) или бактериска/вирусна/паразитска инфекција; серологијата може да открие присуство на автоантитела на аквапорин -4 (НМО), анти- двострана- ДНК антитела (СЛЕ) или anti-Ro/SS-A антитела (Сјогренов синдром). Визуелни евоцирани потенцијали можат да бидат абнормални.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Точната инциденција не е позната, бидејќи постојат многу потенцијални причини.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---