Семејна делумна липодистрофија, Даниган тип
Definicija
Семејна делумна липодистрофија, Даниган тип (ФПЛД2) е ретка форма на генетска липодистрофија, која се карактеризира со губење на поткожно масно ткиво од трупот, задникот и екстремитетите; собирање на масти на вратот, лицето, аксиларните и пелвичните области; мускулна хипертрофија; и обично се поврзува со метаболички компликации како што се отпорност на инсулин, дијабетес мелитус, дислипидемија и стеатоза на црн дроб.
Пребарување
Pun naziv
Семејна делумна липодистрофија, Даниган тип
Kratki naziv
---
Sinonimi
Даниган синдром ФПЛД2 Семејна делумна липодистрофија ТИП 2
Orpha broj
2348
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Автосомно доминантно
Period početka bolesti
---
ICD 10
E88.1
OMIM
151660
UMLS
C1720860
GARD
3126
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Почетокот на липодистрофијата обично се појавува во или околу пубертет, со регионално губење на поткожно масно ткиво од екстремитетите, задникот и трупот, проследено со прогресивно таложење на масти на лице, врат и аксиларни области, што на пацеинтите им дава кушингоиден изглед. Жените често имаат потежок фенотип од мажите. Исто така забележан е зголемени волумен и маса на мускулите. На екстремитетите забележани се изразени вени (заради липоатрофија). Метаболичките компликации се појавуваат прогресивно во адолесценција или во зрелост и вклучуваат отпорност на инсулин, дијабетес, хепатичка стеатоза, акантозис нигриканс, висок крвен притисок и предвремена атеросклероза со зголемен ризиок од коронарна болест на срцето. Некои пациенти можат да покажат карактеристики на синдром на полицистични јајници и неплодност. Сите пациенти имаат предизпозиција на рани кардиоваскуларни болести. Другите манифестации можат да вклучат компликации на дијабетес, повторлив акутен панкреатитис и стеатохепатитис на црн дроб или цироза.
Etiologija
ФПЛД2 е презивикана од мутации во генот ЛМНА (1q22) кој ги енкодира нуклеарните посредници на ламините од А-тип. Типичните форми на ФПЛД2 се главно заради хетерозиготни супституции на 482 кодон на генот (p.R482W/Q или L мутација). Другите мутации можат да доведат до атипични липодистрофии , почесто поврзани со други ламинопатски фенотипи (мускулни и/или срцеви дистрофии, забрзано стареење).
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалните дијагнози вклучуваат други форми на ФЛПД како и Кушинг синдром, дијабетес тип 2, метаболички синдром и стекната липодистрофија.
Tretman
Лекувањето се состои од корективни метаболички абнормалности и управување со компликации. Надгледувањето на исхраната (намален внес на диетални масти и јаглени хидрати) и одржувањето на дневната физичка активност можат да ги подобрат метаболичките компликации на липодистрофија. Исто така можат да бидат корисни и инсулински сензибилизатори (статини или фибрати во случај на голема хипертриглицеридемија). Дијабетесот може да има потреба од други неспецифични лекувања заедно со инсулин. Лекувањето со метрелептин резултира со регресија на хепатичка стеатоза и подобрување на метаболичката хомеостаза, но одобрено е само во Јапонија, а за лекувањето на генерализираните форми на липодистрофии, во САД (и преку сочувствителни програми во други земји). Се препорачува редовно кардиолошко следење. Етинилестрадиол треба да се избегнува кај жени со ФПЛД2. Пластичната хирургија може да им помогне на некои пациенти.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се поставува со клинички преглед, анализа на дистрибуција на мастите со имиџинг (МРИ, КТ и двоенергетска рендгенска апсорпциометрија на целото тело) и проценка на метаболички статус (хипертриглицеридемија, ниски нивоа на липопротеин со висока густина (ХДЛ) во крвта, хиперинсулинемија, изменета толеранција на глукоза, ниски циркулирачки нивоа на лептин и адипонектин). Индексот на телесна маса е обично нормален. Треба да се мерат нивоата на црнодробни ензими и да се направи ултрасонографија на црн дроб. Кардиоваскуларните истражувања се потребни за да се бараат нарушувања на ритам и спроводливост, а и рана атеросклероза. Молекуларното генетско тестирање ја потврдува дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална дијагноза е можна кај семејства со позната мутација која ја предизвикува болеста.
Epidemiologija
Преваленцата е непозната, но ФПЛД2 е најчестата форма на семејна делумна липодистрофија (ФПЛД).
Genetsko savetovanje
ФПЛД2 се наследува на автосомно доминантен начин, па затоа е оправдано генетското советување.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---