Синдром на МекЛеод невроакантоцитоза
Definicija
Синдром на МекЛеод невроакантоцитоза (МЛС) е форма на невроакантоцитоза, а клинички се карактеризира со фенотип што наликува на Хантингтонова болест со нарушување на неволни хиперкинетички движења, психијатриски манифестации и когнитивни измени, а биохемиски се карактеризира со отсуството на Kx антиген и со слаба експресија на Кел антигени.
Пребарување
Pun naziv
Синдром на МекЛеод невроакантоцитоза
Kratki naziv
---
Sinonimi
Х-врзан МекЛеод синдром МЛС
Orpha broj
59306
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
---
Nasleđivanje
Х-врзано рецесивно
Period početka bolesti
---
ICD 10
G10
OMIM
300842
UMLS
C0398568
GARD
10731
MEDDRA
-
Tekstualni opis
Почетокот на невролошките симптоми е од 25 до 60 годишна возраст, а траењето на болеста може да биде повеќе од 30 години. Околу 1/3 од пациентите имаат хореа која не може да се разликува од онаа кај Хантингтонова болест, а повеќето пациенти ќе развијат хореа во текот на болеста. Дополнителните неволни движења вклучуваат фацијална дискинеза, вокализации, и поретко, дистонија за време на хранење. Психијатриските манифестации, вклучувајќи депресија, психоза што наликува на шизофренија и опсесивно компулсивно пореметување (ОЦД), се многу чести и може да се појават уште пред нарушувањата на движење. Еден дел од пациентите развиваат когнитивни дефицити, особено во подоцнежните фази на болеста. Генерализираните напади и мускулната слабост (ретко тешка) и атрофија се појавуваат кај 1/2 од пациентите. МЛС миопатија може да биде предиспозиција на рабдомиолиза, особено со користење на невролептични лекови. Невромускулните знаци вклучуваат сензоримоторна аксонална невропатија, неврогена мускулна атрофија и променлива дополнителна миопатија. Околу 60% од пациентите развиваат кардиомиопатија која се манифестира со атријална фибрилација, малигни аритмии или дилатативна кардиомиопатија. Срцевите компликации се честа причина за смрт. Некои женски хетерозиготни носители покажуваат манифестации на ЦНС кои се поврзани со МЛС како и со соодветните невропатолошки промени. МЛС може да биде дел од „синдром на соседен ген“ на Х хромозомот вклучувајќи хронична грануломатозна болест, Душен мускулна дистрфија или Х-врзана ретинитис пигментоса.
Etiologija
МЛС е предизвикан од мутации во генот XK (Xp21.1) кој го енкодира ХК протеинот, којшто го вклучува Кх еритроцитниот антиген. Повеќето патогени мутации се нонсенс мутации или делеции кои предвидуваат отсутен или скратен ХК протеин на кој му недостасува место за поврзување на Кел протеинот.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалните дијагнози зависат од моментално покажаните симптоми и вклучуваат хореа-акантоцитоза, Хантингтонова болест, нарушувања кои наликуваат на Хантингтонова болест и Туретов синдром.
Tretman
Досега не се достапни куративни или лекови кои би ја модификувале болеста, а лекувањето е симптоматично. МЛС пациентите и асимптоматичните носители на фенотипот МекЛеод крвна група треба да направат кардиолошка евалуација поради сериозни срцеви компликации.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата може да биде доста предизвикувачка. ЦК нивоата се скоро секогаш покачени. Процедурата на избор е утврдување на отсутен Кх антиген и намалени Кел антигени на еритроцитите кај мажи, а сортирање на апсорбирачки клетки на флуоресценција со Кел антигени кај жени хетерозиготи. Анализата на ХК генот, откривајќи мутација, ја потврдува дијагнозата.
Antenatalna dijagnoza
Може да се применат рутински методи за пренатално тестирање.
Epidemiologija
Преваленцата и инциденцата се непознати, но нарушувањето е многу ретко со тоа што се сомнева на неколку стотици случаи на светско ниво. МЛС е опишан во Европа, Северна и Јужна Америка, како и Јапонија, но без очигледно групирање. Болеста примарно ги напаѓа мажите; женските носители ретко развиваат невролошки симптом.
Genetsko savetovanje
МЛС е Х-врзано нарушување, па се препорачува генетско советување. Погодените мажи ќе го пренесат мутантниот Х хромозом на нивните ќерки, чии синови ќе имаат 1:2 ризик од развивање на МЛС, а нивните ќерки ќе имаат 1:2 ризик да бидат носители.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---