Синдром на микроделеција 15q13.3
Definicija
Синдром на микроделеција 15q13.3 (microdel15q13.3) се карактеризира со широк спектар на невроразвојни пореметувања со или без суптилни дизморфични карактеристики.
Пребарување
Pun naziv
Синдром на микроделеција 15q13.3
Kratki naziv
---
Sinonimi
Del(15)(q13.3) Монозомија 15q13.3
Orpha broj
199318
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Автосомно доминантно или не е применливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
Q93.5
OMIM
612001
UMLS
C2677613
GARD
10296
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Првите симптоми се јавуваат во детска возраст или подоцна во животот. Се јавува застој во растот, главно во говорот, когнитивно оштетување во одоколу половина од случаите (обично средн, понекогаш умерено до тешко), идиопатска генерализирана епилепсија (ИГЕ, вклучувајќи и епилепсија во детството или јувенилна епилепсија, јувенилна миоклонична епилепсија и епилепсии со генерализирани тонично-клонични напади), невролошки пореметувања од аутистичен или психотичен спектар (вклучувајќи репетитивни потези, хиперактивност, импулсивно и/или агресивно однесување, намален контакт со очи и пореметување во социјална интеракција). Може да бидат присутни суптилни дизморфни карактеристики (спуштени очни капаци, истакнат носен врв, големи уши, страбизам, клинодактилија на 5ти прст, пигментирани бенки). Чести се и низок раст, макроцефалија и хипотонија. Ретко се јавуваат конгенитални срцеви дефекти. Асимптоматските пацинети можат да имаат потешкотии во учењето.
Etiologija
Овој синдром се јавува поради субмикроскопки делеции на проксимален 15q регион, познат по неговата нестабилност и висока густина на низа повторувани (LCR) секвенци кои посредуваат во не-алелната хомологна рекомбинација (НАХР), што доведува до геномска реорганизација. Шест точки на прекин (BP), групирани во LCR, мапирани во 1qk11q14 регион. 15q13.3 повторувачка 1.5 Mb делеција помеѓу BP4 и BP5, резултира со губиток на шест познати гени вклучувајќи CHRNA7. Хапло-инсуфициенција на CHRNA7 може да биде одговорна за големина на невроразвојни пореметувања поврзани со делеција. Се смета дека поголемите BP3-BP5 делеции клинички не се разликуваат.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза опфаќа други причина за интелектуален дефицит, шизофренија, аутизам и епилепсија. Генетското тестирање исклучува други 15q проксимални аномалии поврзани со слична клиничка слика.
Tretman
Третманот треба да биде воден по клиничката слика. Вложувањето во едукацијата во рана возраст е препорачано кај пациентите со когнитивно оштетување и аутизам. Епилепсијата, аутизмот и/или шизофренијата треба да се третирааат според стандардните протоколи. Кај сите носители треба да се направи ехо на срце за да се исклучи вроден срцев дефект. Третманот на здравите носители не е потребен, иако
Dijagnostičke metode
На дијагнозата треба да се посомнева кај секој задоцнет развој/интелектуален дефицит, аутизам , шизофренија, напади, хипотонија и/или минорни дизморфични карактеристики кои се јавуваат кај секое новородено или дете. Микроделеција на 15q13.3 не е детектирано користејќи конвенционална кариотипизација но може да биде детектиран со флуоресцентна ин ситу хибридизација и други методи.
Antenatalna dijagnoza
Пренаталната дијагноза се прави со земање на примерок од хорионски ресички или амниоцентеза која се анализира со помош на цитогенетски (FISH - флуоресцентна ин ситу хибридизација) и молекуларни методи.
Epidemiologija
Преваленцијата не е позната; Пријавени се близу 150 случаи, вклучувајќи и потомци од здрави роднини на афектирани индивидуи. Мажите имаат поголема веројатност за пројавување на симптоми.
Genetsko savetovanje
Околу 25 % од делециите се случуваат од ново додека 75% се наследуваат автосомно доминантно со варијабилна експресија и некомплетна пенетрација. Од случаите, приближно 25% се наследни по татко а 75% по мајка. Поради тоа што синдромот може да биде или спорадичен или фамилијарен, треба да се понуди генетско советување. Во случаи каде делецијата е наследна, браќата и сестрите имаат 50% шанса да ја наследат делецијата. Сепак не сите носители го развиваат овој синром.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---