Синдром на разновидна мозаична анеуплоидија

Definicija

Синдром на разновидна мозаична анеуплоидија (МВА) е хромозомска аномалија која се карактеризира со повеќекратни мозаични анеуплоидии кои водат до разновидни фенотипски абнормалности и предизпозиција за рак.

Пребарување

Pun naziv

Синдром на разновидна мозаична анеуплоидија

Kratki naziv

---

Sinonimi

Варбуртон-Анјане-Јебоа синдром

Orpha broj

1052

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Автосомно доминантно или автосомно рецесивно

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q99.8

OMIM

257300  614114  617598

UMLS

C1850343  C2931286

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Најчести клинички карактеристики се пренатална ретардација на растот, микроцефалија, застој во развојот, аномалии на структурен централен нервен систем и офаталмолошки аномалии (катаракта, непропустливост на рожницата, микрофталмија и глаукома), и благи дисморфични карактеристики, вклучувајќи триаголно лице, микрогнатија, и епикантни набори. Дополлнително се јавува и олигохидраминоза, вентрикуларна дилатација, Денди-Вокер малформација, фетални асцити, и зголемена нухална проѕирност. Ракот се појавува кај 1/3 од пациентите. Пред 5та година од животот се јавува Вилмс тумор, рабдомиосарком, акутна лимфобластна леукемија и малигнен тумор на гранулозни клетки на јајникот. Кај еден пациент во зрела возраст е забележан рак на ампулата на Вотер и на дебелото црево.
Etiologija
МВА настанува поради дефективна поделба на клетките, што води до аберантна дисјункција на хромозомите за време на митоза. Ова резултира во висока пропорција од над 10% на анеуплоидните клетки. Забележани се мутации во БУБ1Б и ЦП57 гените. БУБ1Б го енкодира БУБР1, што е клучен протеин во контролната точка на миотичното вретено. ЦП57 е центросомален протеин кој е вклучен во нуклеирање и стабилизирање на микротубули. Пациенти со БУБ1Б мутации имаа висока инциденца на рак (75%), додека оние со ЦП57 мутации не биле дијагностицирани со рак досега.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Анеуплоидијата може да е карактеристика на синдроми со хромозомска нестабилност како Робертс синдром, атаксија телегиектазија, ксеродерма пигменотза, Блум синдром, Вернер синдром и Нијмеген синдром на кршење. Во Фанкони анемија може да се случи микроцефалија со хромозомска нестабилност.
Tretman
Клиничкото лекување зависи од специфичните потреби на пациентите (пример - терапија со хормон за раст за третман на застој на растот). Случаите со цитогенетска потврденост на МВА синдром и/или демонстирирани БУБ1Б мутации треба да се набљудуваат за Вилмс тумор со ренален ултразвук на секои 3 до 4 месеци до 5та година од животот.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата на МВА се заснова на цитогенетска анализа која покажува променлива анеуплоидија.
Antenatalna dijagnoza
Може да се спроведе пренатален кариотип со ЦВС процедура или со амниоцинтеза. Ова дозволува пренатална дијагноза на семејно повторување или истражување на абнормални сонографски наоди кои се во склад со МВА.
Epidemiologija
До денес е опишан 41 случај во литературата.
Genetsko savetovanje
МВА се наследува автосомно рецесивно. Родителите со болно дете се задолжително носители. Ризикот да се појави болеста кај браќа и сестри е 25%. Можно е да се тестираат носители во ризичните семејства со биалелична БУБ 1Б или ЦП 57 мутации.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---