Синдром на тиамин-респонзивна мегалобластна анемија – ТРМА
Definicija
Синдром на тиамин-респонзивна мегалобластна анемија - ТРМА се карактеризира со мегалобластна анемија, дијабетес мелитус и сензориневрална глувост.
Пребарување
Pun naziv
Синдром на тиамин-респонзивна мегалобластна анемија - ТРМА
Kratki naziv
---
Sinonimi
Роџерс синдром ТРМА Тиамин - респонзивна мегалобластна анемија со дијабетес мелитус и сензориневрална глувост
Orpha broj
49827
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
---
Nasleđivanje
Автосомно рецесивно
Period početka bolesti
---
ICD 10
Q21.0
OMIM
249270
UMLS
C0342287
GARD
9210
MEDDRA
---
Tekstualni opis
ТРМА може да се појави во било која возраст помеѓу раѓање и тинејџерство, иако не сите клучни карактеристики се појавуваат на почеток. ТРМА типично се карактеризира со тријада на мегалобластна анемија која реагира на тиамин, сенориневрална глувост, и нетипичен тип 1 дијабетес мелитус. Клинички, мегалобластна анемија, може да содржи хипорексија, летаргија, цефалалгија, палор, дијареја, и парастезија во дланки и стапала. Други варијабилни клинички знаци вклучуваат ретинална дистрофија и атрофија на оптички нерв, низок раст, кардиоваскуларни абнромалности вклучувајќи конгенитални срцеви маани како атријален и/или вентрикуларен септален дефект и аритимија/кондуктивни аномалии, епи напади и мозочни удари. Варијабилната фенотипска презентација може да предизвика значајно одложување помеѓу почетокот на симптомите и точната дијагноза.
Etiologija
ТРМА е автосомно рецесивно пореметување предизвикано од хетерозиготни мутации во транспортерот со висок афинитет SLC19A2, лоциран до хромозомот 1q23.3. Скоро сите пациенти кои се идентификувани се хомозиготни на SLC19A2 мутациите, но пријавен е мал број на хетерозиготни мутации.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува Волфрам синдром, митохондријални заболувања како Киарнс-Сајре синдром и Пеарсон синдром, како и диетален недостаок на витамин Б12 или фолна киселина.
Tretman
Лекувањето е симптоматско и вклучува дневни значајни дози на тиамин (Б1, 25-75 мг на ден), за да се ублажи анемијата и да се подобри дијабетесот мелитус на краток и долг рок. Загубата на слухот е непоправлива и има променлив временски рок. Уште се дебатира за тоа дали пренатален или ран третман со тиамин во погодените индивидуи може значајно да го одложи почетокот на болеста или да го намали слушниот дефект. Неколку пациенти дијагностицирани во рана возраст имаат зачуван слух со тиамин третман од рана возраст. Препорачани се слушни апарати и палиативна нега. Контролата вклучува редовно хематолошко набљудување, толеранција на глукоза, урина, слух, офтамолошка и срцева проценка.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата на ТРМА се заснова на клинички наоди и може да се потврди со проценка на коскена срж, доколку покажува магалобластна анемија поврзана со ертитробласти со митохондрија полна со железо и молекуларна генетска анализа на SLC19A2 генот. Погодените индивидуи имаат нормални серумски тиамин нивоа. Новороденчињата треба да се прегледаат со отоакустични емисии на производот на изобличување и аудиометриска реакција на мозочното стебло.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална дијагноза е можна со амниоцинтеза или ЦВС процедура и со специфична генетска анализа.
Epidemiologija
ТРМА синдромот е пријавен кај помалку од 80 случаи во светот. Преваленцата и инциденцата не се познати.
Genetsko savetovanje
Мутацијата на SLC19A2 се пренесува автосомно рецесивно. Генетско советување може да се понуди на погодените пациенти и нивните семејства и да се информираат за можностите за тестирање на носители кај семејства со висок ризик за појава на болеста и генетски ризик од пренесување на болеста кон децата. Многу пациенти се од консагвини семејства, и затоа е тешко да се потврди дали сите клинички карактеристики кои се пријавени во некои семејства се поврзани со SLC19A2 мутацијата.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---