Синдром на тивок синус

Definicija

Синдром на тивок синус се карактеризира со прогресивен енофталмос кој почнува во зрелост, заради колапс на некои или сите максиларни синусни ѕидови.

Пребарување

Pun naziv

Синдром на тивок синус

Kratki naziv

---

Sinonimi

Синдром на имплодирачки антрум

Orpha broj

71276

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

---

Nasleđivanje

Не е применливо

Period početka bolesti

---

ICD 10

---

OMIM

---

UMLS

C3698095

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Прогресивниот енофталмос може повремено да се поврзе со болка во образите, диплопија и заматен вид. Пациентите понекогаш пријавуваат историја на оддалечени епизоди на синуситис. Синдромот може да биде идиопатски или да се случува после коскена орбитална декомпресија што резултира од Грејвс офталмопатија или скршеница на орбиталниот под.
Etiologija
Основниот механизам вклучува опструкција на аерација на максиларниот антрум пропратено со негативен антрален притисок. Овој негативен притисок може да биде предизвикан од мастикаторните движења.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза треба да вклучи „блоу аут“ (blow-out) скршеници на орбиталниот под, примарен или секундарен малигнитет, орбитални венски малформации, прекин на раст на коските после радиотерапија, конгенитални етиологии (мали форми на хемифацијална микросомија, плагиоцефалија, микрофталмос) и псевдоенофталмос (еднострана блефароптоза, Хорнер синдром, контралатерален егзофталмос, контралатерална висока миопија и контралатерално повлекување на очниот капак).
Tretman
Единственото лекување е операција. Се прави ендоскопска операција за да се отвори максиларниот синус во назалната шуплина преку антрална меатотомија. Орбиталниот под се реконструира со помош на автолошки материјал или импланти.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се поставува со фацијална компјутеризирана томографија (ЦТ) со коронални реконструкции, што го покажува колапсот на максиларните синусни ѕидови, со или без задржување на течности во синусната шуплина. Остиумот на максиларниот синус се затвора како што се поставува унцинатниот процес на интеромедијалниот орбитален ѕид. Средниот меатус е зголемен.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Преваленцата е непозната, но досега во литературата се пријавени околу 100 случаи.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---