Скраб (тријачки/осипен) тифус

Definicija

Скраб тифус е ретка заразна болест која се пренесува преку прашкасти грини кои носат инфекција предизвикана од бактеријата Ориентија цуцугамуши и се карактеризира со клинички еруптивна треска која е потенцијално сериозно тешка.

Пребарување

Pun naziv

Скраб (тријачки/осипен) тифус

Kratki naziv

---

Sinonimi

Цуцугамуши треска Цуцугамуши болест

Orpha broj

83317

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

---

Period početka bolesti

---

ICD 10

A75.3

OMIM

---

UMLS

C0036472

GARD

---

MEDDRA

10039766
Tekstualni opis
После тивкиот период на инкубација од 10 дена, почетокот на болеста е со константна висока температура, главоболка, кашлање, мијалгија и мачнина. Честа е појавата на блед макуларен осип и инокулациски ешар на местото каснато од грина, често со болни сателитни лимфни јазли. Спленомегалија се забележува кај 1/3 од случаите. Повеќето случаи се благи, но може да се појави пневмонитис, менингоцефалитис, мутлисистемски застој на организмот, крварење па дури и смрт. Може да се случи релапс после опоравување, но обично во полесна форма од почетната.
Etiologija
Скраб тифус е предизвикан од Ориентија цуцугамуши, обврзувачка интраклеточна Грам-негативна стапчеста бактерија од родот Ориентија, која се пренесува на луѓе преку каснувања од ларвични тромбикулидни грини (чигалки).
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува тифоидна треска, лептоспироза, маларија и денге треска, како и ХИВ сероконверзија и рикецијални болести.
Tretman
Лекувањето обично вклучува доксициклин и хлорамфеникол. Доксицилин се дава кратко време (3-7 дена) кај возрасни (200 мг/дневно) и кај деца 2,2 мг/кг, два пати дневно). Сите пациенти за кои се сомнева дека се инфицирани треба да се третираат. Пациентите со слаба реакција на доксицилин и хлорамфеникол, како и бремени жени, може да се третираат со ридампицин (600-900 мг/дневно) или азитромицин (500 мг првиот ден и потоа 250 мг дневно).
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се заснова на клинички знаци (треска, главоболка, ешар на местото на каснување, осип) во ендемична рурална зона. Неспецифични лабораториски тестови вклучуваат нивоа на трансаминаза, тромбоцитопенија, леукопенија и ЦД4/ЦД8 однос на лимфоцити. Дефинитивна дијагноза може да се направи со култивирање на Ориентија цуцугамуши во школка епрувета или со молекуларна биолошка анализа со ПЦР амплификација на примероци од кожа, лимфни јазли, ЕТА крв. Организмите лошо се бојат со Гименез методата, но лесно со Гиемза методата. Имунохистохемија на кожни лезии може да открие инфекција со Ориентија Цуцгамуши. Подоцна е можна серолошка потврда со индиректна имунофлуоресценција.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Прецизните стапки на преваленца и инциденца не се познати. Се проценува дека 1 милијарда лица во светот се во ризик од скраб тифус, и претпоставката е дека има 1 милион случаи годишно. Болеста е доста раширена во Јужна и Југо-Источна Азија и во Западниот Пацифик (Кореја до Австралија), како и од Јапонија до Индија и Пакистан. Во овие региони, годишната инциденца е 1 на 4000 лица. Скраб тифус се случува најчесто во пролет или есен во рурални области и често се пријавува од лица кои патуваат во ендемични региони.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---