Сперматоцитен семином
Definicija
Сперматоцитен семином (СС) е екстремно ретка форма на тестикуларен рак, кој се разликува од тестикуларни семиноматозни тумор клетки со многу ниска стапка на метастаза и недостаток од еквивалент кај јајник
Пребарување
Pun naziv
Сперматоцитен семином
Kratki naziv
---
Sinonimi
---
Orpha broj
99865
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Непознато
Period početka bolesti
---
ICD 10
C62.9
OMIM
273300
UMLS
C0334517
GARD
-
MEDDRA
-
Tekstualni opis
СС се појавува кај мажите во нивната петта до шеста декада од животот. Безболна маса во скротумот или интерскротална маса укажува на присуство на болеста. Доколку има подолго стоење може да доведе до појава на хидроцел кој предизвикува чувство на тежина во тестисите. Гинекомастија и болки во грбот и долниот дел на грбот се симптоми кои се забележани кај одреден број пациенти. Инвазија на семином во крвните садови, туника албугинеа и епидидимус се многу ретки. Во ектсремно ретки случаи може да дојде до саркоматозна трансформација која предизвикува брзо да се зголеми туморот заедно со неговата склоност кон метастаза. Во малиот број случаи во кои доаѓа до метастаза, агресивната форма на тумор се нарекува метастатичен сперматоциден семином
Etiologija
Етиологијата на СС е непозната. Се смета дека потекнува од премиотски микроб клетки.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува тестикуларни тумори на семиноматозните микроб клетки и сите типови на лимфома.
Tretman
Третманот на СС е сличен како кај тестикуларните тумори на семиноматозните микроб клетки кој вклучува и орхидектомија. Како што оваа форма на семином ретко метастазира обично не постои потреба за понатамошен третман, но неопходна е контрола и набљудување по операција. Пациентите кои ја имаат формата на ретко метастазирање добиваат додатна хемотерапија (карбоплатин) и радиотерапија, но се уште не е установен посебен режим на терапија. Поради козметички и психолошки причини, после орхидектомија, на пациентите може да им биде понудена тестикуларна протеза.
Dijagnostičke metode
Клиничките истражувања се ориентираат кон тоа дека дијагнозата и мерењето на нивоата на тумор маркерите (алфафетопротеин) помагаат во прецизноста на СС дијагноза. Исто така се спроведува и ултразвук на тестисите, додека пак снимањето на коските и магнетната резонанца (МРИ) на централниот нервен систем се неопходни само кога се забележани симптоми во тие делови. Хистопатолошкото испитување на тестикуларната маса ја потврдува СС со присуството на 3 карактеристични типови клетки: мали клетки (7-8 µm) со темни јадра, клетки со средна величина (15 µm) со грануларен хроматин и еосинофилна цитоплазма во кружни јадра, и големи клетки со повеќе јадра (до 100 µm).
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
СС опфаќа 1-2% од сите случаи на тестикуларни тумори на микроб клетки. Годишната инциденца во Европа е 1/3,300,000.
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---