Стафилокока синдром на токсичен шок
Definicija
Стафилокока синдром на токсичен шок е акутна болест во посредство на производство на суперантигени токсини, карактеризиран со висока треска, осип на кожата проследен со лупење на кожата, хипотензија, повраќање, дијареа, и потенцијално води до мултисистемско распаѓање на организмот предизвикано од Стафилокока ауреа бактериска инфекција.
Пребарување
Pun naziv
Стафилокока синдром на токсичен шок
Kratki naziv
---
Sinonimi
Стафилокока ТСС
Orpha broj
99919
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
Непознато
Nasleđivanje
Неприменливо
Period početka bolesti
---
ICD 10
A48.3
OMIM
---
UMLS
C3714602
GARD
---
MEDDRA
10044250
Tekstualni opis
Ова заболување најтешко се приметува кај наизглед здрави возрасни жени. Меѓутоа не-менстуралната стафилокока ТСС исто може да се види кај мажи и деца. Почетокот е ненадеен и вклучува висока треска над 38.9 степени целзиусови, повраќање, дијареа, гадење, мијалгија, болка во стомак, болка во грло. За разлика од стрептокока ТСС, генерализиран осип се гледа кај повеќето случаи на стафилокока ТСС, кој се појавува во првите два дена од почеток на симптомите и влијае на мукозата и на кожата. Подоцна се случува и лупење на кожата. Посериозни појави вклучуваат збунетост, шок, ренална и миокардична дисфункционалност и акутен респираторен дистрес синдром. Последното е и најчеста причина за смрт кај оваа болест.
Etiologija
Стафилокока ТСС настанува поради инфекција со стафилокока ауреа, која ослободува токсини и предизвикува масивна имуна реакција вклучувајќи цитокини и хемокини. Оваа реакција е често поврзана со активација на Т клетки од производство на суперагенти кои го заобиколуваат вообичаениот пат на антигенска презентација. Првично беше поврзано со висока впивливост на користење на тампони, но и на интравагинални направи (бариерни контрацептиви, менструална чашка) и инфекции кои следат после хируршки процедури. Моментално, многу случаи се всушност компликации на постоечки инфекции или на колонизација на горните дишни патишта.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалната дијагноза вклучува стрептокока ТСС, дамкаста треска, лептоспириоза, денге треска, тироидна треска, перитонитис, пневмонија, пелвична инфламаторна болест, перикардитис и акутна миокардна инфаркција, менингоцемија, осип поради вируси, лекови или алергии, и септичен шок.
Tretman
Почетокот на стафилокока ТСС е ненадеен и побарува итен медицински третман во интензивна нега. Третманот вклучува антибиотици (клиндамицин) заедно со друга терапија (течности, инотропи и васопресори) и интравенозни имуноглобулини кои блокираат суперантигени. Кортикостероиди и рекомбинантно активиран протеин Ц може да помогнат во некои случаи. Дијализа може да е неопходна кај оние со ренална дисфункција и додаток на кислород заедно со механичка вентилација е потребно за пациенти со респираторни проблеми. Ванкомицин и линезолид се употребуваат кај пациенти кои се алергични на пеницилин или кога бактеријата е резистентна на метицилин. Жените треба да се воздржат од користење интравагинални направи освен ако не е неопходно за да го минимизираат ризикот од стафилокока ТСС поврзана со менструација.
Dijagnostičke metode
Дијагнозата се носи кога има сомнеж за осип проследен со лупење на кожа, шок и вклученост на еден од три други органи кои се набљудуваат клинички. Лабораториска анализа, каде стафилокока суперантигени се идентификуваат во урина или серум, може да помогнат во утврдување на дијагнозата. Крвна култура е ретко позитивна на стафилокока.
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
---
Genetsko savetovanje
---
Terapija
---
Klinička istraživanja
---