Тетрасомија 12п

Definicija

Палистер-Килијан синдром (ПКС) е мултипла конгенијална аномалија/синдром на интелектуален дефицит кој е предизвикан од мозаично ткиво - ограничена тетрасомија на хромозомот 12п

Пребарување

Pun naziv

Тетрасомија 12п

Kratki naziv

---

Sinonimi

Изохромозом 12п синдром Палистер-Килијан синдром Изохромозом 12п мозаицизам

Orpha broj

884

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

Непознато

Nasleđivanje

Не е применливо или непознато

Period početka bolesti

---

ICD 10

Q99.8

OMIM

601803

UMLS

C0265449

GARD

8421

MEDDRA

-
Tekstualni opis
Голем број на случаи се пренатално дијагностицирани поради абнормални ултразвучни наоди, и вообичаен е абнормален излед при раѓање. Најчести знаци се дисморфизам на лице, ризомелиски скратени екстремитети, мали дланки и стапала со хипоплазија на ноктите. Краниофацијалните манифестирања вклучуваат „грубо“ лице со рамен профил, високо чело со фронтална ќелавост, изретчени веѓи и трепки, плитки супраорбитални сртови, горно усмерени палпебрални фисури, хипертелеоризам, раен и широк назален мост, краток нос со горно усмерени ноздринки, голема уста со долу усмерени агли и изразена горна усна. Макроглосија и остра брада се развиваат во текот на животот. Хипотонијата е присутна уште од раѓање со контрактури кои се појавуваат и развиваат во текот на животот. Може да биде присутен широк спектар на конгенитални малформации, од кои најспецифичните се дефекти на дијафрагмата и анусот. Срцевите дефекти, од кои најчесто дефекти на вентрикуларната комора, се присутни во 25% од случаите. Чести знаци се тежок интелектуален дефицит, аномалии на пигментацијата на кожата, глувост и напади.
Etiologija
Пациенти со ПКС имаат мозаицизам на прекубројниот изохромозом 12п, којшто резултира со 4 копии на краткиот крак на хромозом 12 наместо нормалните 2. изохромозомот најчесто потекнува од мајката. Селекција против и(12п) клетките се набљудува ин витро, но веројатно се јавува и ин виво. Кариотипот е 47, XX или XY, и(12) (п10)/46, XX или XY.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијална дијагноза вклучува трисомија на 12п и Фринс синдром. Антенатална дијагноза може а биде овозможена преку ултразвучен преглед откривајќи ги абнормалните наоди како што се: хернија на дијафрагмата, полихидрамниоза, хидропс феталис, срцева малформација, кратки екстремитети, и многу други кои водат до амниоцентеза и хромосомална дијагноза
Tretman
Не постои специфична терапија. Погодените деца можат да имаат корист од програмата за рана интервенција и специјално образование
Dijagnostičke metode
Клиничко препознавање е многу важно поради тоа што додатниот хромозом воглавно е отсутен од рутинските испитувања на крвните лимфоцити. Цитогенетската дијагноза бара биопсија на кожа и преглед на фибробласт хромозомот. Изохромозомот е воглавно присутен во 30-100% од фибробласт метафазите. Во ситу хибридизација со хромозом 12 специфични ДНК проби можат да се користат за да се потврди идентитетот на хромозомот. ФИСХ тест на букален брис може да допринесе за брза прелиминарна дијагноза.
Antenatalna dijagnoza
Антенатална дијагноза е исто така можна после хориоцентеза во мајчинска доба
Epidemiologija
Инциденцата е непозната и се проценува на 1/25,000
Genetsko savetovanje
Сите пријавени случаи за ова пореметување се спорадични
Terapija
---
Klinička istraživanja
---