Хистидинемија
Definicija
Хистидинемијата е ретко метаболичко нарушување кое се карактеризира со зголемено ниво на хистидин во крвта, урината и цереброспиналната течност, генерално без клинички реперкусии (последици). Забелешки: Хистидин-алфа аминокиселина со функционална група на имидазол.
Пребарување
Pun naziv
Хистидинемија
Kratki naziv
---
Sinonimi
Недостаток на ХАЛ Хистидинурија Недостаток на ХИС Хиперхистидинемија Недостаток на хистидин амонијак-лиаза Недостаток на хистидаза
Orpha broj
2157
Kategorija
Podkategorija
Naziv na stranom jeziku
---
Prevalenca
1-9 / 100 000
Nasleđivanje
Автосомно рецесивно
Period početka bolesti
---
ICD 10
E70.8
OMIM
235800
UMLS
C0220992 C0268642
GARD
6661
MEDDRA
---
Tekstualni opis
Хистидинемијата биохемиски се дефинира како покачена концентрација на хистидин во крвта, урината и цереброспиналната течност и намалено ниво на нејзиниот метаболит уроканинска киселина во крвта, урината и кожата. Кај повеќето лица со хистидинемија состојбата е клинички тивка и се смета за бенигна, без потреба од третман или специфична диета. Кај мало подмножество на пациенти со специфични настани во текот на периодот на новороденче, како што е нискиот кислород, се сугерира дека хистидинемијата може да придонесе за развој на интелектуална попреченост, нарушувања во однесувањето или учењето. Растот е нормален кај пациенти со нарушувањето. Хистидинемијата е важна, затоа што во 60-тите и 70-тите години состојбата беше непотребно додадена во универзалниот скрининг за новороденчиња, пред воопшто да се разбере природниот тек на болеста.
Etiologija
Хистидинемијата е предизвикана од нарушена конверзија на хистидинот во уроканинска киселина преку ензимот хистидаза. Недостатокот на овој ензим е поврзан со мутации во ХАЛ-генот (хистидин амонијак-лиазата) (12q22-q24.1).
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
---
Tretman
---
Dijagnostičke metode
---
Antenatalna dijagnoza
---
Epidemiologija
Регистрираната преваленца варира широко од 1/8,600 на 1/180,000, веројатно како резултат на различните скрининг програми.
Genetsko savetovanje
Хистидинемијата се наследува автосомно рецесивно.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---