MYH9-поврзана болест

Definicija

MYH9-поврзана болест (MYH9-RD/MYH9-РД) е наследено нарушување на џиновските тромбоцити со комплексен фенотип кој се карактеризира со конгенитална тромбоцитопенија и можни последователни манифестации на сензориневрален губиток на слух, предсенилна катаракта, зголемување на ензимите на црниот дроб и/или прогресивна нефропатија што често води до терминална фаза на бубрежна инсуфициенција. Епштајн синдром, Фехтнер синдром, Меј-Хеглин аномалија и Себастијан синдром, претходно опишани како различни нарушувања, претставуваат само неколку од различните клинички презентации на MYH9-РД.

Пребарување

Pun naziv

MYH9-поврзана болест

Kratki naziv

---

Sinonimi

MYH9-поврзан синдром MYH9-поврзана синдромска тромбоцитопенија MYH9-РД MYH9-поврзано нарушување

Orpha broj

182050

Kategorija

Podkategorija

Naziv na stranom jeziku

---

Prevalenca

1-9 / 1 000 000

Nasleđivanje

Автосомно доминантно

Period početka bolesti

---

ICD 10

D69.4

OMIM

600208

UMLS

C1854520

GARD

---

MEDDRA

---
Tekstualni opis
Тромбоцитопенијата е присутна при раѓање и може да биде поврзана со спонтано крварење (обично благо или умерено). Симптомите на крварење вклучуваат лесно настанување на модрици, епистакса, крварење од непцата и/или менорагија. Животозагрозувачкото крварење е ретко. Пациентите имаат зголемен ризик од крварења после операција, биопсија или породувања. Загубата на слух е забележана кај скоро сите случаи со возраст на почеток од првата до шестата декада, а тежината на загубата на слухот доста варира (од благи дефекти до длабока глувост). Протеинурска нефропатија настанува кај близу 30% од пациентите, а кај 75% е дијагностицирана пред 35 годишна возраст. Големиот број на пациенти со оштетување на бубрезите прогресираат кон ЕСРД за само неколку години. Пациентите кај кои се развива зафаќање на бубрезите подоцна во животот имаат побавна прогресија кон ЕСРД. Катаракта се појавува кај околу 20% од пациентите, често е двострана и обично се појавува во рана зрелост, но пријавени се и конгенитални случаи.
Etiologija
MYH9-РД настанува заради мутации во генот MYH9 (22q13.1), кој го енкодира тешкиот ланец на изоформата А на немускулниот миозин од класа II (миозин-9). Миозин-9 се експресира во повеќето клеточни типови и ткива, вклучувајќи ги крвните клетки, кохлеата, бубрезите и хепатоцитите. Неутрофилните инклузии потекнуват од заедничко таложење на мутантен миозин-9 со протеини од див тип во самата цитоплазма.
Prognoza
bolest_prognoza
Diferencijalna dijagnoza
Диференцијалните дијагнози вклучуваат Бернард-Сулие синдром, Алпорт синдром и имунолошка тромбоцитопенија пурпура.
Tretman
Кај случаи со тешки крварења или пред големи хемостатски стресови (бременост, операција), се препорачува трансфузија на тромбоцити (доколку е можно од ХЛА-исти донори). Елтромбопаг се покажа како успешен во зголемувањето на бројот на тромбоцитите и во укинувањето на тенденцијата за крварење. Дезмопресин може да го скрати времето на крварење кај некои пациенти; треба да се даде тест доза за да се набљудува реактивноста. Со операција се разрешува катарактата. Кохлеарен имплант се покажа како корисен кај еден пациент со сериозна глувост. Блокатори на ангиотенсин рецепторот и/или инхибитори на ензим кои конвертираат ангиотенсин може да ја намалат протеинуријата кај оние со ренално зафаќање. ЕСРД бара лекување со дијализа или трансплантација на бубрег. Се препорачуваат редовна крвна слика, годишна анализа на урина како и аудиометриски и офталмолошки прегледи. Треба да се избегнуваат лекови кои ја попречуваат функцијата на тромбоцитите.
Dijagnostičke metode
Може да се посомнева на дијагноза на основа на хематолошки наоди и можно поврзување со екстра-хематолошки манифестации. Дијагнозата се потврдува со анализа на имунофлуоресценција на размаска на периферна крв, којашто открива типични инклузии на миозин-9 неутрофил. Оштетувањето на бубрезите се открива со протеинурија со или без бубрежна инсуфициенција. Аудиометриските и офталмолошките прегледи октриваат оштетувања на слух и/или катаракта, соодветно. Околу 50% од пациентите имаат хронично или повремено зголемување на ензимите на црниот дроб. Молекуларното генетско тестирање може да ја идентификува предизвикувачката мутација на MYH9, коешто може да ја предвиди клиничката еволуција.
Antenatalna dijagnoza
Пренатална дијагноза е можна кај семејства каде е веќе откриена мутацијата која ја предизвикува болеста.
Epidemiologija
Преваленцата во Италија е проценета на 1/400 000-1/300 000. Ширум светот се пријавени повеќе од 300 родови на MYH9-РД.
Genetsko savetovanje
MYH9-РД се наследува на автосомно доминантен начин , но забележани се и спорадични де ново мутации. Можно е генетско советување.
Terapija
---
Klinička istraživanja
---